Сакаш да ослабиш или да изградиш мускул?

Online менторство

Персонализирани планови за тренинг и исхрана со постојана поддршка од професионален ментор

ПоддршкаНасоки24/7 КонтактЕдноставни и ефективни плановиСигурен напредок
01 / НАШАТА ОРГАНИЗАЦИЈА

Vezbaj Be е организација која промовира правилен начин на живот.

Нашите цели се:

  • Да ги освестиме што е можно повеќе луѓе околу вистинскиот правилен начин на живот
  • Да ги поттикниме младите генерации да сакаат да се подобрат себеси и да имаат големи цели
  • Сакаме преку Vezbaj Be луѓето да можат да се едуцираат, да се запознаваат едни со други и да се чувствуваат како во една голема заедница која заедно се движи по ист пат
Што е правилен начин на животСледење на моралните стандарди во секоја гранка од животот
02 / ЗАПОЗНАЈ ГО МЕНТОРОТ

Апостоловски Јован

Еден од основачите и лицето на Vezbaj Be

Мојата цел

Да им помогнам на луѓето да го направат првиот чекор со тоа што ќе започнат со правилен тренинг и исхрана и конечно да ги постигнат резултатите што досега не успеале да ги остварат сами

Зад себе имам повеќе од 10 години исполнети со тренинзи и учества на професионални натпревари, најчесто во кик-бокс и бодибилдинг, со освоено прво место на европски куп во кик-бокс и второ место на државно првенство во бодибилдинг.

Повеќе од три години професионално работам со клиенти на кои успешно им помагам да си го подобрат здравјето и начинот на живот.

Пријави се на менторството ↗
03 / КЛИЕНТИ И ТРАНСФОРМАЦИИ

Реални резултати за неколку месеци

Најголем дел од трансформациите се почетници кои не знаеле од каде да почнат, како да тренираат, што да јадат и на што да се фокусираат — сепак решително тргнале кон своите цели.

  • Резултатите се индивидуални и зависат од почетната состојба, колку редовно ги следеле програмите и многу други фактори.
  • Немојте да се споредувате, намена на сликите е само да ве инспирираат, мотивираат и прикажат дека не сте само вие во слична ситуација.
  • Фотографиите се објавени после дозвола од самите клиенти.
01Зголемена мускулна маса
02Намалено вишок масти
03Зголемена енергија
04Подобрена дисциплина
05Стекната способност за самостоен напредок
04 / ONLINE МЕНТОРСТВО

Потполно персонализиран систем

Добиваш план кој е направен специјално според твојот животен стил. Ваквиот план ќе ти овозможи да напредуваш најбрзо и најсигурно без непосакувани ефекти.

План за тренинг

  • Неделен распоред со денови за тренинг и пауза
  • Детален тренинг распоред со вежби, број на повторувања, времетраење на пауза и интензитет
  • Секоја вежба има видео за правилна изведба

План за исхрана

  • Избор од повеќе опции за сите оброци и ужини
  • Детално објаснување со точни намирници и количини
  • Точни калории и макроси за секој оброк

Консултации и проверки

  • 24/7 Достапност за секаква информација или решавање на проблеми
  • Потполно нов план за исхрана на секои 2 недели
  • Редовни проверки и промени во плановите според напредокот

Поддршка и едукација од менторот

  • Менторот е секогаш заедно со вас за мотивација и инспирација пред и во текот на соработката
  • Заедничко решавање на ментални блокади кои ве спречуваат да започнете или да продолжите кон целта
  • Стекнување на едукација и систем кој останува засекогаш со вас

Сè уште не си сигурен во себе за конечно да почнеш?

Менторството е наменето за почетници и рекреативци кои сè уште не можат да се „убедат“ да започнат самостојно или за оние кои немаат доволно одговорност, дисциплина и им е потребна поддршка од професионален ментор.

Пријави се! ↗
05 / ПРИЈАВА И КОНТАКТ

Направи го првиот чекор!

Пополни ја пријавата и за краток рок ќе добиеш повратни информации од менторот околу бројот на слободни места, начинот на соработка, достапните пакети и можност за подетална комуникација.

Online менторство

Твојата пријава

Пополнувањето трае помалку од една минута.

Која е твојата цел? *

Податоците се користат само за контакт со вас и не се споделуваат јавно.